Изјава за политика за приватност (на германски јазик)
1. Општо:
Заштитата и безбедноста на вашите лични податоци ни се многу важни. Оттука, оваа веб страница ги складира и обработува податоците исклучиво во согласност со австрискиот Закон за заштита на податоци (DSG), односно ЕУ-регулативата за заштита на податоците (DSGVO). Како корисник, Вие целосно се согласувате со обработката на вашите податоци согласно оваа изјава.
2. Права на лицата чиишто податоци се обработуваат:
Во секое време ви стојат на располагање правата во согласност со DSG и DSGVO. Ова се права за добивање на информации, исправка, бришење, ограничување, преносливост на податоци, отповикување и приговор. Ако ја повлечете согласноста за обработка на вашите податоци коишто се од суштинско значење за функционирањето на веб-страницата, тогаш не ви е дозволено да ја користите предметната интернет понуда, односно ќе треба повторно целосно да се согласите на понатамошна или повторна употреба на вашите податоци за обработка согласно оваа изјава за приватност. Ако мислите дека обработката на вашите податоци ги крши важечките закони за заштита на податоците или ако вашите барања за заштита на податоците се прекршени на некој друг начин, можете да поднесете жалба до надзорниот орган. Во Австрија, надлежен е органот за заштита на податоци.
3. Одговорност за заштита на податоците:
Одговорен за заштита на податоците е OeAD (Österreichische Austauschdienst) - Друштво со ограничена одговорност - Austrian Agency for International Cooperation in Education and Research (OeAD-GmbH), FN 320219 k (Основен суд Виена), ул. Ebendorferstraße 7, 1010 Виена. Одговорен за заштита на податоци е Маг. Christian Pichler-Stainern, datenschutz@oead.at
4. Како се користат вашите податоци:
Ние целосно ја признаваме важноста да се биде внимателен со вашите лични информации. На оваа веб-страница автоматски не се пренесуваат директни лични податоци и не се создаваат лични кориснички профили. Само доколку вие лично ги внесете (на пример) вашето име, телефонски број, интереси, итн. ги давате овие податоци на веб страната. За одредени активности на оваа веб страница, од вас ќе биде побарано да дадете лични информации на веб-формулари предвидени за оваа намена, како што е регистрација за билтени или понудени платформи. Вие потполно сами одлучувате дали ќе ги исполните овие барања. Меѓутоа, ако одлучите да го сторите тоа, може да биде неопходно да се согласите на употреба на вашите лични податоци (име, адреса на електронска пошта, поштенска адреса и други). Откако во врска со одредена акција ни ги доставите вашите лични информации, вие прифаќате дека со цел да ја завршиме оваа акција и да ги ажурираме поврзаните податоци, ние и нашите доверливи овластени партнери ќе ги пренесуваме, чуваме и обработуваме тие информации. Ние нема да ги споделиме овие информации со трети лица без ваша согласност.
5. Како се користат вашите фотографии:
За ова видете ги исцрпните информации во делот Impressum на OeAD-GmbH на оваа веб-страница.
6. Соработка со процесори и трети страни:
Ако им наложиме на трети лица да обработуваат податоци врз основа на т.н. "договор за обработка на налогот", тоа се прави врз основа на член 28 од DSGVO.
7. Податоци коишто автоматски се зачувуваат од оваа веб страница:
Следниве, не-лични информации автоматски се зачувуваат и обработуваат кога ќе ја посетите оваа веб-страница:
7.1. Податоци зачувани на серверот:
Тековната јавна IP адреса на вашиот компјутер, заедно со датумот и времето на пребарување, која датотека е побарана (име на превземената датотека и URL-то), која количина на податоци ви се пренесува, порака што покажува дали барањето е успешно, податоци за препознавање на користените пребарувачи и користениот оперативен систем, како и веб-страницата од која е направен пристап (ако се пристапува преку линк) и клучни зборови. Информациите од лог датотеката се чуваат за безбедносни цели (на пример, за да ги истражат навредливите или активностите поврзани со измами) во период од 180 дена, а потоа се бришат. Податоците чие понатамошно складирање е потребно за доказни цели се исклучени од бришење до конечното разјаснување на инцидентот. Логовите на серверот се чуваат за да се провери безбедноста на системот, технички да се администрира веб-страницата, како и да се оптимизира понудата за статистички цели. Овие податоци ќе бидат предадени на органите за спроведување на законот доколку е потребно и со судски налог. Понатамошното пренесување на трети лица не е дозволено.
7.2. Колачиња за сесии (технички потребни колачиња):
Би сакале да нагласиме дека кога ја посетувате нашата веб-страница ние користиме колачиња само за сесии. Тие ги зачувуваат, на пр. информациите за најава или овозможуваат безбедно логирање. По завршувањето на соодветната сесија на пребарувачот, овие колачиња се бришат. Употребата на овие колачиња законски не бара ваша согласност и не може да биде оневозможена. Некои од овие колачиња се пренесуваат од нашиот сервер на вашиот компјутерски систем; ова се колачиња користени за сесијата. Тие автоматски се бришат од вашиот хард диск по завршувањето на сесијата на пребарувачот.
7.3. Колачињата за следење не се користат на веб-страницата на OeAD.
7.4. Веб-страницата на OeAD не користи Google Analytics.
7.5. SSL енкрипција:
Веб-страницата на OeAD го користи индустрискиот стандард SSL (Secure Sockets Layer) за шифрирање на вашите податоци. Со енкрипција на SSL, вашите податоци така се шифрираат пред да се пренесат на серверот на OeAD, за да не можат да бидат реконструирани од трети страни. Ова обезбедува доверливост на вашите информации при нивен пренос на веб-страница.
7.6. Социјални медиуми:
Social Sharing Plugins не се користат од веб-страницата на OeAD. OeAD доо користи таканаречени Social Sharing Links од Фејсбук, Твитер. Само со активен клик од ваша страна на копчето се воспоставува директна врска со серверите на соодветниот понудувач и се комуницира, која одредена веб-страница ја посетувате сега и која содржина ја споделувате. Ако сте најавени на овој провајдер како регистриран корисник додека ја посетувате нашата веб-страница, провајдерот може да ја додаде посетата на вашиот профил. За ова, доволно е само да влезете на нашата веб страница. Ако споделувате или поврзувате содржини, тие ќе биде видливи за другите луѓе на оваа социјална мрежа согласно вашите поставки за приватност. Покрај тоа, овие провајдери го задржуваат правото да пренесуваат статистички податоци за активностите на корисниците на трети лица, односно да ги споделат со други корисници и партнери, рекламни и придружни веб-страници. OeAD нема никаква контрола над количината на податоци коишто овие добавувачи ги собираат при споделувањето или допаѓањето на содржината, така што ве молиме овие информациите за собирање, дистрибуција и користење на вашите податоци да ги проверите во изјавите за приватност на овие провајдери:
Facebook: de-de.facebook.com/policy.php
Twitter: twitter.com/de/privacy
8. Билтени:
Ние испраќаме билтени само со согласност на примачот или со законска дозвола. Можете да најдете линк за да го откажете билтенот на крајот од секој билтен или да ни испратите е-пошта со наслов "Откажете го билтенот" на news@kulturkontakt.or.at. Овде можете да прочитате повеќе за Double-Opt-In-процедурата: www.oead.at/newsletter
9.Регистрација за настани организирани од OeAD во рамките на програмите/проектите:
Вашите лични податоци (име, институција, адреса, електронска пошта) ќе бидат зачувани во нашиот систем за адреси за да го спроведеме настанот. Вашите податоци обезбедени при регистрацијата за настанот ќе бидат обработени и зачувани за подготовка, доколку е потребно за пренос на документи за настанот, за реализација на настанот, за документација на настанот (особено со листи на учесници) и за оценување на настанот. Со регистрирање, вие исто така давате согласност и за обработка и објавување на фотографии и видеа направени на настанот за документирање, за публикации на OeAD доо или за објавување на интернет. Ние изработуваме мрежна листа, во којашто се наведени вашите лични податоци (име, институција, е-пошта), освен ако не поднесете приговор за тоа најмалку една недела пред настанот по меил на office@oead.at . На крајот на настанот, ние ќе ја испратиме мрежната листа ди сите учесници наведени на листата и вие се согласувате да бидете контактирани од други учесници од оваа листа. Оваа согласност може да ја повлечете директно кај другите учесници вклучени во оваа листа. За оптимална подготовка на референтите, можно е да им ги пренесеме вашите податоци (име, институција, е-меил адреса). Освен тоа, вашите информации (име, институција, е-меил адреса) мора да се пренесат и до барателот/нарачателот на услугите (на пример, Сојузното министерство за образование, наука и истражување), за документирање на спроведувањето и учеството во проектот. Доколку имаме партнери за соработка во спроведувањето на настанот, исто така е неопходно да се пренесе оваа мрежна листа со цел подобро да се подготви и процесира настанот. Обработката на податоци се одвива врз основа на член 6 (1) од DSGVO (легитимен интерес на OeAD доо за документација на настанот до Извршниот одбор и соодветниот барател/нарачател, како и за спроведување на работи за односи со јавноста). Податоците ќе се чуваат за верификација и контрола од агенциите за финансирање на настани (на пример, Сојузното министерство за образование, наука и истражување, Европската комисија) и нивните контролни тела (на пример, Судот на ревизори) седум години од крајот на настанот и потоа се бришат.
10. Пренос на податоци до трети земји и меѓународни организации:
Ако ги обработуваме податоците во трета земја (т.е. надвор од Европската унија (ЕУ) или Европската економска област (ЕЕА)) или во меѓународна организација, или oва се случува во контекст на користење на услуги од трети страни, откривање, или пренесување на податоци на трети лица се случува само ако ги исполнуваат нашите (пред) договорни обврски, врз основа на вашата согласност, врз основа на законската обврска или врз основа на нашите легитимни интереси. Согласно законските или договорните дозволи, ние ги обработуваме или даваме да се обработат податоците во трета земја или меѓународна организација само ако се исполнети предусловите согласно член 44 од DSGVO. Тоа значи дека обработката на податоците се случува, на пр. врз основа на специфични гаранции, како што е официјално признаеното ниво на заштита на податоците од некоја од ЕУ членките (на пр. за САД преку „Privacy Shield“) или усогласеност со официјално признаените посебни договорни обврски (таканаречени "стандардни договорни клаузули").
11. Електронска пошта:
OeAD не презема одговорност за размена на информации преку е-маил адреси. Кога користите е-меил и електронска пошта, до овие податоци пристап имаат и неовластени лица и на тој начин се прекршуваат правните аспекти на заштитата на податоците. Слично на тоа, вашата електронска пошта може исто така да биде изгубена или погрешно насочена на интернет.
12. Место на складирање:
Вашите лични податоци се чуваат воглавно во Австрија.
13. Задолжено лице за заштита на податоците:
М-р. Christian Pichler-Stainern, datenschutz@oead.at.
Датум: 25. Maј 2018 год. Точките 9+10 актуализирани на 22. Август 2018 год. Актуализирано на 1.1.2020 год. поради пререгистрација на ОeAD во OeAD-GmbH од 1.1.2020 год.