Republik Nordmazedonien

Скопје

Во тесна соработка со Министерството за образование на Република Северна Македонија и другите локални образовни институции, OeAD спроведува едукативни проекти од областа на стручната обука. Проектите се надгледувани од регионалната канцеларија OeAD во Тирана.

Главен акцент:

  • Соработка училиште – бизнис сектор во стручните обуки
  • Учење за претприемништво

Примери:

Регионален проект Училиштето се среќава со бизнис секторот – School Meets Business (SmB)
Албанија, Косово, Северна Македонија

Унапредувањето на квалитетот и релевантноста на стручната обука на пазарот на трудот преку зајакнување на соработката помеѓу стручното оспособување и бизнис секторот, особено во областа на учење базирано на работа - „Work-based Learning“, е приоритет за реформите во Албанија, Косово и Северна Македонија. Поради оваа причина, Албанија, Косово и Северна Македонија избраа „промовирање на учење на работното место во сите свои форми“ како приоритет при спроведувањето на „Одлуките од Рига“.

Овде започнува регионалниот проект „Училиштето се среќава со бизнис секторот“. Целта е да се зајакне компетентноста на стручните училишта во трите земји партнери за професионална соработка со бизнис секторот, особено при организирање на различни формати на учење во компаниите. Фокусот е ставен на втемелување на деловните координатори на училиштата како надлежни интерфејси помеѓу училиштето и бизнис секторот. Проектот се спроведува во тесна соработка со министерствата одговорни за стручна обука, агенциите за стручна обука, стручните училишта и компаниите.

Очекуваните резултати се:

  • Профилот на задачи за деловни координатори во стручните училишта беше поддржан со регионална размена на соодветно национално ниво и е воведен во образовниот систем.
  • Детална студија по земја е достапна за различните формати на „учење базирано на работа - Work-based Learning“ и тие веќе се спроведуваат.
  • 4 мултипликатори по земја и до 40 бизнис координатори по земја (вкупно 120) се обучени и го применуваат знаењето во нивната секојдневна работа
  • Критериуми за квалитет за соработка помеѓу училиштата и бизнис секторот се применуваат и се длабоко навлезени во системот за обезбедување на квалитет во училиштето

Следниве целни групи се достигнати во околу 70 настани во трите земји:

  • Директни целни групи: 12 мултипликатори од трите земји, 120 деловни координатори од стручни училишта во трите земји
  • Индиректни целни групи: околу 40,000 ученици во 120 стручни училишта во Албанија, Косово и Северна Македонија, 120 директори, наставниот кадар на училиштата и партнери за соработка во компаниите

Учење за претприемништво - Entrepreneurship Learning
Промовирањето на претприемништвото како мотор за економски развој, но и како клучна компетентност којашто им овозможува на поединците да го развиваат својот потенцијал на најдобар можен начин, е приоритет за развој во рамките на ЕУ и пошироко. Образованието игра клучна улога во овој контекст. За успешно промовирање на учењето за претприемништво, сепак, потребни се нови пристапи и прилагодувања за учење / обучување и нови партнерства со бизнис секторот.

OeAD го спроведе проектот „Учење за претприемништво - Entrepreneurship Learning“ во Албанија, Косово и Северна Македонија. Во сите три земји се изучува предметот „претприемништво“ најмалку една година во стручните училишта. Целта на проектот беше да придонесе за подобрување на квалитетот на наставата при учење на претприемништво во стручното образование и обука.

Како дел од проектот, 17 мултипликатори од трите земји беа обучени да предаваат нови пристапи за обучување и учење за претприемништвото, а беа развиени и модули за напредна обука за учење на претприемништво. Овие формираат основа за понатамошна обука на околу 250 наставници во над 130 стручни училишта во трите земји партнери за спроведување на иновативни пристапи за учење за промовирање на учењето за претприемништво. Во исто време, развиен е повеќејазичен „Комплет на алатки - Tool Kit“, кој им е достапен на стручните училишта во одделните држави во областа на учењето за претприемништво.

Спроведувањето на новите пристапи за предавање / учење беше оценето во сите три земји како дел од една студија. Врз основа на овие резултати од евалуацијата, тимот на обучени мултипликатори од Северна Македонија и одговорниот претставник на Центарот за стручно оспособување во Виена разменија мислења со австриските експерти за иновативни поставки за предавање / учење за претприемништво. Резултатите од оваа размена им беа пренесени во неколку наврати на наставниците коишто предаваат за претприемништво во Северна Македонија.

Контакт (Надлежен службеник за образование)

За одделот:

alle ausklappenalle einklappen
  • Во име на австриското Сојузно Министерство за образование и жени, Одделот за образовна соработка при Културконтакт Австрија - OeAD промовира размена и соработка меѓу образовните институции во источна и југоисточна Европа и Австрија со цел поддршка на одржливото образование на пред-универзитетско ниво.

    Проектите се имплементираат преку проектни канцеларии, кои се раководени од страна на австриски координатори за образование.

    Меѓу проектните партнери на OeAD се вбројуваат соодветните министерства задолжени за за образование и обука на пред-универзитетско ниво, агенции за образование, инстутиции за обука на наставници, регионална администрација за образование, училишта и други важни заинтересирани страни во партнерските земји на ККА и во Австрија.

    Освен тоа, OeAD го подржува австриското Сојузно Министерство за образование и жени во имплементацијата на програми за мобилност во рамките на Сервисниот центар за програми за меѓународна мобилност при министерството и во координација со Приоретната Област 9 од ЕУСтратегијата за Регионот Дунав, „Ивестиција во луѓето и нивните вештини“

    Цели

    • OeAD врши промовирање на иновативни форми на врсничко учење во рамки на и меѓу различните образовни системи со цел да се промовира менаџмент на таргетирани промени.
    • Тематските цели на OeAD се насочени кон општи приоритети во интерфејсот помеѓу развитокот на националното образование и образоиванието во рамките на ЕУ. Приоритетна област во овој контекст означува стручно образование и обука.
    • Во австриските училишта постојано се зголемува мулти-линвистичноста и разновидноста. ККА, исто така, го подржува дијалогот и соработката помеѓу образовните институции во Австрија и главните земји на потекло за деца со историја на миграции.

    Проекти и активности

    Во поглед на проектите кои овозможуваат одржлива подршка за образовните реформи, OeAD организира мерки за обука и советодавни услуги, активности за врсничко учење, конференции, тркалезни маси и работилници, кои се фокусираат на следните области:

    • Развој на квалитетот и менаџмент на образование
    • Развој на стручното образование и обука врз база на практика
    • Промовирање на соработка помеѓу училиштата и бизнис секторот
    • Воведување на нови стратегии за одржување на настава/учење со цел да се поттикне индивидуалното учење на ниво на компетенција.
    • Промовирање на образовни мрежи со цел подршка на менаџментот за промени.
    • Промовирање на социјаната инклузија во образованието и и конструктивен пристап кој го почитува диверзитетот
    • Промовирање на образование за одржлив развој
  • Лицата одговорни за соработката во образованието (ББ) по налог на Сојузното Министерство за образование и жени и КултурКонтакт Австрија ја унапредуваат размената и соработката меѓу образовните институции во источна и југоисточна Европа и Австрија.

    Мрежата на лица одговорни за образование се состои од двете регионални канцеларии: Тирана со надлежност за Албанија, Косово и Македонија ; и Сараево со надлежност за Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора; а воедно има и проектна канцеларија во Чисинау, Одеса и во Санкт Петерсбург.

    Регионална канцеларија Тирана:
    Регионална канцеларија Сараево:
    Проектна канцеларија Чисинау:
    Проектна канцеларија Одеса:
    Проектна канцеларија Санкт Петерсбург: 

Клучни области:

alle ausklappenalle einklappen
  • Новите пристапи и инструменти за развој на квалитетот се во фокусот на новостите во образованието во Австрија и во нашите партнерски земји.

    Успешното воведување образовни стандарди, стандардизираното надворешно оценување, развојот на квалитетот на училиштата и прашањето на користење на резултатите од оценувањето во процесите на управување во образованието бараат како предуслов темелно менување на организацијата на процесите на учење и настава и на менаџментот во образованието.

    Затоа, OeAD нуди посебни советодавни услуги за „Управување со промени“. Проектите опфаќаат основни и напредни обуки и компоненти за обука на обучувачи во областите менаџмент во образованието, развој на квалитетот во училиштата и развивање и примена на нови инструменти и мерки за обезбедување квалитет. Нашите активности поттикнуваат размена на искуства со експерти од Австрија, како и на регионално и на национално ниво. Нашата понуда содржи и советување при развојот на мерки за учење од колеги и образовни мрежи за развој на квалитет.

    Пример: Твининг проект Косово
    Во рамките на твининг проектот „Поддршка во спроведувањето на Стратешкиот план за образование на Косово“ (2014-2016) финансиран од ЕУ Финска и Австрија им даваат поддршка на косовското Министерство за образование и на релевантни образовни институции при воведувањето нова наставна програма заснована на компетенции и при развојот и воведувањето на систем за развој на квалитет во предуниверзитетската област. ККА, како австриски помал партнер, беше одговорна за компонентата за развој на квалитет. Заедно со група експерти од Австрија австриските искуства од конципирањето и примената на QIBB (Иницијативата за квалитет во стручното образование) и SQA (Квалитет на училиштата за општо образование) беа внесени во процесот на реформи во Косово. Преку широк процес на консултации со релевантните засегнати страни во Косово беа анализирани постојните механизми за обезбедување квалитет (ОК). Во „Стратегијата за обезбедување квалитет во предуниверзитетската област“, што беше донесена од косовската Влада, беа утврдени приоритетите во воведувањето сеопфатен систем за ОК во училиштата. Со цел спроведување на новите механизми за ОК на ниво на училишта, административни дистрикти и министерство, од една страна беше поддржана косовската страна при изготвувањето на потребниот правилник и на новиот Закон за образовна инспекција, а од друга страна беше поддржано изготвувањето соодветни обуки. Беше изготвена наставна програма за училишни координатори за ОК, 10 локални обучувачи беа обучени за нејзино спроведување, а беа обучени околу 200 училишни координатори за ОК. Покрај тоа, на ниво на административни дистрикти во 24 од 36 директорати за образование беа обучени координатори за ОК за поддршка и мониторинг на активностите за ОК во училиштата. Најпосле, по двајца образовни инспектори од сите регионални образовни инспекторати беа обучени за надворешно оценување училишта.

    Пример: Нови услови за квалификациите на училишните директори во Украина
    Во Украина се разгледува нов закон за образование. Во рамките на законот се планира проширување на автономијата на сите видови училишта. Зајакнатата автономија на училиштата значи и нови барања во однос на компетенциите на директорите. Нов опис на работното место директор заснован на компетенции треба да придонесе кон спроведувањето на образовната реформа.

    Експерти од Универзитетот за менаџмент во образованието во Киев, централна институција за образование и обука на раководен персонал во образованието во Украина, Институтот за обука на наставници од Одеса, Педагошкиот универзитет на Штајерска и OeAD идентификуваа области на компетенции што ќе бидат важни за директорите на училиштата, имајќи ја предвид поголемата автономија на училиштата. Преку размена на искуства меѓу австриските и украинските експерти се работи на прашањето како најдобро да се интегрира стекнувањето на тие компетенции во постојните програми за обука. Во фокусот на размената стои стекнувањето социјални и лични компетенции од страна на директорите. Во рамките на заедничките семинари се разработува содржината, се тестираат методи и се врши постојана рефлексија. Разработените модули се интегрираат во понудата на програми за обука на Универзитетот за менаџмент во образованието и на ИОН Одеса. Истовремено се обучуваат обучувачи од Универзитетот за менаџмент во образованието и од ИОН Одеса за примена на новите модули за обука.

    Пример: Прирачник за нови директори, совети и насоки за новоназначени директори
    Во Босна и Херцеговина се работи на прирачник за нови директори на училишта во соработка со сите министерства за образование и педагошки институти во земјата. Прирачникот се изготвува во тесна соработка со претставници на Агенцијата за предучилишно, основно и средно образование во Босна и Херцеговина, министерствата за образование на двата ентитети и на 9 кантони, како и со претставници на Дистриктот Брчко. Главните содржини што ќе бидат обработени во прирачникот се: програма и планирање, управување со конфликти, работа на проекти, канцелариско управување, седници и организациски менаџмент, раководење со персонал, стратешко планирање, маркетинг, педагошка работа, обезбедување квалитет / евалуација, диверзитет, инклузија и индивидуални образовни потреби и соработка меѓу училиштето, родителите и заедницата. Во соработка со педагошките институти OeAD го поддржува и спроведувањето воведни работилници за користење на прирачникот за училишни директори во првата година од мандатот.

  • Пренесувањето клучни компетенции за денешното сѐ поразнолико и поглобализирано општество и за пазарите на труд што се менуваат сѐ побрзо е основна задача на образованието. Поврзувањето на тоа со сѐ поголемата фокусираност на компетенции ги прави развивањето и воведувањето нови форми и средини за настава и учење приоритет на образовните реформи во сите области, со што рака под рака оди и развивањето соодветни програми за образование и обука и придружни структури за наставници.

    Фокусот во работата на ККА е поставен на размена на искуства во областите учење и оценување засновано на компетенции, нови средини за настава и учење за пренесување клучни компетенции и индивидуализирање на процесите на настава и учење. Интердисциплинарните прашања, како справувањето со разноликоста и образованието за одржлив развој, претставуваат содржински фокус во работата.

    ример: Воведување образовни стандарди со предметот математика како пример и социјалните компетенции. Одеса и Регион Одеса:
    Воведувањето нови образовни стандарди е еден од предизвиците пред коишто се исправени образовните институции во Украина. Новите образовни стандарди се предвидени во законите и признаени од Министерството за образование и наука и етапно се применуваат од 2012 г. Новите учебници и упатства се достапни, но сѐ уште има потреба од поддршка при практичното спроведување на образовните стандарди и нивната примена во наставата. За тоа се потребни нови стратегии за настава и учење, па следствено и нови програми за обука на наставниците.

    Образовните стандарди во Украина покриваат по повеќе предмети. Земајќи го како пример предметот математика за основно образование, во рамките на овој проект експерти од Педагошкиот универзитет на Горна Австрија им дадоа поддршка на Институтот за обука на наставници од Одеса и на центрите за методика при развивањето програми за обука и мерки за поддршка на наставниците во примената на образовните стандарди во основните училишта и нивно заедничко пилотирање. Резултатите од проектот се резимирани во посебно издание.

    Анализата на резултатите од претходниот проект за спроведување образовни стандарди во предметот математика покажа дека пред сѐ е потребен подетален пристап во примената на отвореното учење, за да се создадат средини за учење што, покрај стекнувањето компетенции по конкретниот предмет, овозможуваат и социјално учење. Во рамките на процесот за развој на квалитетот во регионалниот ИОН Одеса, наставните програми на институтот се заменуваат со модули засновани на компетенции. За таа цел, веќе беа воведени модули за демократско воспитување, ИТ, култура и претприемништво, а во рамките на проектот беа разработени социјалните компетенции. За стекнувањето социјални компетенции не е доволна само примената на соодветни методи. Само интеракцијата меѓу примената на методите, рефлексија за примената и доживувањето на социјалните компетенции преку проширување на личните компетенции овозможува целосна примена на средина за настава и учење насочена кон стекнување социјални компетенции. За таа цел е потребно сите лица вклучени во проектот да поминат низ овие процеси, што во рамките на проектот се гарантира и се спроведува со помош на австриски експерти, меѓу другото и од Педагошкиот универзитет на Горна Австрија. Целна група се пред сѐ младите наставници од пилот-училиштата, како и експертите за методика од Институтот за обука на наставници Одеса и од центрите за методика во Регионот Одеса. Врз основа на овие процеси на учење во училиштата се пилотираат методи за пренесување социјални компетенции. Поаѓајќи од потребите на наставниците за обука се менува понудата на програми за обука на ИОН Одеса и вработените во институтот се обучуваат за пренесување на новите методи.

    Пример: Образовни портфолија засновани на компетенции. Албанија
    Албанското Министерство за образование во училишната година 2016/17 започна со „Воведување наставна програма заснована на компетенции“ на целата територија. ККА ја поддржа примената на наставата и учењето засновани на компетенции преку развивање и воведување образовно портфолио за учениците за предметите одн. областите мајчин јазик, математика, природни науки, општествени науки и ИТ. Во рамките на проектот беа подготвени програми за обука на ментори, институции за мониторинг и наставници. Претставници на 13 регионални директорати за образование, 30 директори и 100 наставници од 30 училишта беа обучени за воведување на образовните портфолија. Овие училишта служат како центри со ресурси за воведувањето на образовните портфолија во други училишта.

  • Новите пристапи и инструменти за развој на квалитетот се во фокусот на новостите во образованието во Австрија и во нашите партнерски земји.

    Успешното воведување образовни стандарди, стандардизираното надворешно оценување, развојот на квалитетот на училиштата и прашањето на користење на резултатите од оценувањето во процесите на управување во образованието бараат како предуслов темелно менување на организацијата на процесите на учење и настава и на менаџментот во образованието.

    Затоа, OeAD нуди посебни советодавни услуги за „Управување со промени“. Проектите опфаќаат основни и напредни обуки и компоненти за обука на обучувачи во областите менаџмент во образованието, развој на квалитетот во училиштата и развивање и примена на нови инструменти и мерки за обезбедување квалитет. Нашите активности поттикнуваат размена на искуства со експерти од Австрија, како и на регионално и на национално ниво. Нашата понуда содржи и советување при развојот на мерки за учење од колеги и образовни мрежи за развој на квалитет.

    Пример: Твининг проект Косово
    Во рамките на твининг проектот „Поддршка во спроведувањето на Стратешкиот план за образование на Косово“ (2014-2016) финансиран од ЕУ Финска и Австрија им даваат поддршка на косовското Министерство за образование и на релевантни образовни институции при воведувањето нова наставна програма заснована на компетенции и при развојот и воведувањето на систем за развој на квалитет во предуниверзитетската област. ККА, како австриски помал партнер, беше одговорна за компонентата за развој на квалитет. Заедно со група експерти од Австрија австриските искуства од конципирањето и примената на QIBB (Иницијативата за квалитет во стручното образование) и SQA (Квалитет на училиштата за општо образование) беа внесени во процесот на реформи во Косово. Преку широк процес на консултации со релевантните засегнати страни во Косово беа анализирани постојните механизми за обезбедување квалитет (ОК). Во „Стратегијата за обезбедување квалитет во предуниверзитетската област“, што беше донесена од косовската Влада, беа утврдени приоритетите во воведувањето сеопфатен систем за ОК во училиштата. Со цел спроведување на новите механизми за ОК на ниво на училишта, административни дистрикти и министерство, од една страна беше поддржана косовската страна при изготвувањето на потребниот правилник и на новиот Закон за образовна инспекција, а од друга страна беше поддржано изготвувањето соодветни обуки. Беше изготвена наставна програма за училишни координатори за ОК, 10 локални обучувачи беа обучени за нејзино спроведување, а беа обучени околу 200 училишни координатори за ОК. Покрај тоа, на ниво на административни дистрикти во 24 од 36 директорати за образование беа обучени координатори за ОК за поддршка и мониторинг на активностите за ОК во училиштата. Најпосле, по двајца образовни инспектори од сите регионални образовни инспекторати беа обучени за надворешно оценување училишта.

    Пример: Нови услови за квалификациите на училишните директори во Украина
    Во Украина се разгледува нов закон за образование. Во рамките на законот се планира проширување на автономијата на сите видови училишта. Зајакнатата автономија на училиштата значи и нови барања во однос на компетенциите на директорите. Нов опис на работното место директор заснован на компетенции треба да придонесе кон спроведувањето на образовната реформа.

    Експерти од Универзитетот за менаџмент во образованието во Киев, централна институција за образование и обука на раководен персонал во образованието во Украина, Институтот за обука на наставници од Одеса, Педагошкиот универзитет на Штајерска и OeAD идентификуваа области на компетенции што ќе бидат важни за директорите на училиштата, имајќи ја предвид поголемата автономија на училиштата. Преку размена на искуства меѓу австриските и украинските експерти се работи на прашањето како најдобро да се интегрира стекнувањето на тие компетенции во постојните програми за обука. Во фокусот на размената стои стекнувањето социјални и лични компетенции од страна на директорите. Во рамките на заедничките семинари се разработува содржината, се тестираат методи и се врши постојана рефлексија. Разработените модули се интегрираат во понудата на програми за обука на Универзитетот за менаџмент во образованието и на ИОН Одеса. Истовремено се обучуваат обучувачи од Универзитетот за менаџмент во образованието и од ИОН Одеса за примена на новите модули за обука.

    Пример: Прирачник за нови директори, совети и насоки за новоназначени директори
    Во Босна и Херцеговина се работи на прирачник за нови директори на училишта во соработка со сите министерства за образование и педагошки институти во земјата. Прирачникот се изготвува во тесна соработка со претставници на Агенцијата за предучилишно, основно и средно образование во Босна и Херцеговина, министерствата за образование на двата ентитети и на 9 кантони, како и со претставници на Дистриктот Брчко. Главните содржини што ќе бидат обработени во прирачникот се: програма и планирање, управување со конфликти, работа на проекти, канцелариско управување, седници и организациски менаџмент, раководење со персонал, стратешко планирање, маркетинг, педагошка работа, обезбедување квалитет / евалуација, диверзитет, инклузија и индивидуални образовни потреби и соработка меѓу училиштето, родителите и заедницата. Во соработка со педагошките институти OeAD го поддржува и спроведувањето воведни работилници за користење на прирачникот за училишни директори во првата година од мандатот.

  • Во својата работа OeAD се обврзува на инклузивен третман на диверзитетот и разликите. Затоа, при дизајнирањето на своите активности здружението го поттикнува еднаквиот пристап до образование, култура и уметност за сите.

    Почитувањето на диверзитетот и разликите на луѓето, ценењето на нивната индивидуалност и личност и поттикнувањето и поддршката на потенцијалите на индивидуите се основа на нашата работа. Овие ставови се отсликуваат во нашите работни програми и во изборот на целните групи.

    Затоа, за нас е важно нашите проекти во областа на образованието да дадат што е можно поголем придонес кон еднаквиот пристап до квалитетно образование за сите со почитување на диверзитетот и разликите.

    Покрај тоа, особено внимание се посветува на проекти што ги поддржуваат процесите во образованието за зајакнување на еднаквите можности и вклученоста во општеството.

    Пример: ПОП (Посебни образовни потреби) - На патот кон инклузивно училиште
    Инклузивното образование е цврсто етаблирано во стратегиите и во националното законодавство на Република Молдавија. Сепак, со цел одржливо подобрување на пристапот до образование и квалитетот на образованието за деца со посебни потреби, сѐ уште е потребна поддршка при спроведувањето на законите. Притоа важна улога имаат психосоцијалните служби и националната служба за нивна координација (Центарот за психосоцијална помош), коишто ја поддржуваат училишната инклузија на терен во 35 окрузи во Молдавија. Надоврзувајќи се на резултатите од претходни проекти, размената на искуства со Австрија и постојната стручност во областа на инклузијата се користат за дополнително зајакнување на капацитетите и работата на националната служба за координација и сите 35 окружни служби. Притоа се дава поддршка на националниот Центар во помагањето на континуираното воедначување и подобрување на советодавните услуги што ги нудат окружните служби и во гарантирањето на нивниот квалитет. Специјалистите од службите се обучуваат, за да можат преку својата советодавна работа во училиштата и преку директната работа со децата и младите со посебни потреби и со луѓето во нивната околина компетентно и професионално да придонесат за нивно успешно вклучување во училиштата. Австриските колеги работат со своите молдавски колеги во рамките на стручни обуки за темите оштетување на видот, оштетување на слухот и аутизам. Се издаваат и изданија на романски јазик за овие теми.

    РОДОВИ ПРАШАЊА: Поттикнување на пристапот на девојчињата до техничките занимања
    Во Албанија, исто како и во Австрија, девојчињата се помалку застапени во техничките занимања. Само 18% од учениците во стручните училишта во Албанија се од женски пол. Секторот ИТ, како техничка област што нуди добри можности на пазарот на трудот и релативно високи приходи, е важна област, во којашто може да се спроведат мерки за подобрување на пристапот и застапеноста на девојчињата. За таа цел, со 16 албански стручни училишта што нудат техничко образование во областа на ИТ се организираат работилници, за да се стапи во контакт со девојчињата и нивните родители и тие да се убедат во предностите на образованието за ИТ. На работилниците интензивно се обучуваат наставници за родовите концепти, родово сензитивни наставни методи и развивање родово сензитивна училишна култура и се поддржуваат во изработката на родово сензитивни промотивни материјали, активности и проекти. Се изработува акциски план за сите училишта, којшто треба цврсто да се етаблира и да се спроведе во училиштата.

    Пример: Скенирање за еднаквост
    Сите проекти на ККА во областа на образованието се подложуваат на „скенирање за еднаквост“, за да се зголеми релевантноста на проектите за прашањата на еднаквоста.

  • Размената на искуства меѓу експертите и одговорните за носење одлуки на национално, регионално и европско ниво, како и развивањето соодветни мрежи за тоа, стануваат сѐ поважен елемент на успешните образовни реформи.

    Благодарение на соработката со ЕРИ СЕЕ, Иницијативата за образовни реформи во Југоисточна Европа, OeAD придонесува кон регионалната соработка во образовната политика. Преку сплотувањето на ресурсите со релевантни партнерски институции, во таканаречени кластери на знаење се поддржува регионалниот фокус на процесот на интеграција во ЕУ.

    Пример: Западнобалканска алијанса за учење преку работа
    Конференција во Виена: Создавање Западнобалканска алијанса за учење преку работа - Австрија ги поддржува земјите од Западниот Балкан во подобрувањето на системите за стручно образование (18 мај 2015, по покана на Сојузното министерство за образование, Сојузното министерство за наука, истражување и економија, Сојузното министерство за Европа, интеграција и надворешни работи, Австриската агенција за развој, Стопанската комора на Австрија и OeAD).

    Соопштение за печатот на СМО:

    „Темелното образование е камен-темелник за успешна кариера и најдобро осигурување од невработеност. Токму стручното образовани во претпријатијата е модел што предизвикува голем интерес на меѓународно ниво. Затоа, сакаме да ги поддржиме другите земји во градењето успешен систем. Со вклучувањето на австриските претпријатија со своите производни погони се создава дополнителна вредност и за домашното стопанство“, нагласи вицеканцеларот и министер за економија Рајнхолд Митерленер по повод меѓународната конференција за Западниот Балкан што денес се одржа во Виена. Мото на конференцијата е „Дуално стручно образование и други форми на учење преку работа“. Во рамките на Берлинскиот процес во август 2015 г. Австрија веќе се обврза да им понуди соодветна поддршка на земјите од Западниот Балкан.

    По покана на Сојузните министерства за наука, истражување и економија (СМНИЕ), за образование и жени (СМОЖ) и за Европа, интеграција и надворешни работи (СМЕИНР) на 18 мај 2016 г. во Виена се сретнаа меѓународни експерти за трудово право и образование и високи претставници на земјите од Западниот Балкан. Во фокусот на конференцијата организирана заедно со Стопанската комора на Австрија (СКА), Австриската агенција за развој (ААР) и OeAD е регионалниот дијалог меѓу политиката, установите за стручно образование, приватниот сектор и граѓанското општество. Врз основа на иновативни партнерства меѓу образованието и приватниот сектор се планира во иднина да се интензивира заедничката соработка и да се поттикне откривањето и користењето синергии со тековни активности, особено со оние што се спроведуваат со австриска поддршка.

    Стручното образование веќе повеќе години е важна тема и постојан елемент на развојната соработка на Австрија. Така, во партнерските земји во развојната соработка со различни проекти активно се поддржуваат реформските процеси во образованието. „Добро образовани стручни работници се предуслов за инвестиции, а со тоа и за економски раст и создавање работни места. Наш интерес е во нашето непосредно соседство во Западниот Балкан да постојат стабилни стопанства, поради што е особено важно да се придонесе кон тоа преку поддршка за дуалното образование“, убеден е Министерот за надворешни работи Себастијан Курц. „Доброто образование им отвора перспективи на луѓето во нивната средина и ги опремува за предизвиците на глобализираната економија“.

    „Од одлучувачко значење е да постои богата понуда на стручно образование и младите да можат да го завршат своето образование според своите интереси и таленти. Токму на тоа работи СМОЖ во рамките на својата соработка со земјите од Западниот Балкан. OeAD и австриските координатори за образование во наше име веќе повеќе од 25 години ги поддржуваат реформите во образованието и обуката во партнерските земји со одржливи проекти. Така, на пример, во соработка со надлежните државни органи и социјалните партнери, се работи на подобрување на квалитетот на праксите во претпријатијата во околу 60 училишта за туризам во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија. Во Албанија се работи на подобрување на пристапот на девојчињата до занимањата во областа на ИТ. Повеќе од 130 стручни училишта во Албанија, Косово и Македонија се поддржуваат во поттикнувањето на наставата по претприемништво. Со таквите мерки значително се подобруваат можностите на младите на локалните пазари на трудот“, вели Ханспетер Хубер, Раководител на групата за меѓународни односи во СМОЖ.

    договорија заеднички начела и иницијативи за понатамошен развој на квалитетни системи за стручно образование во областа на учењето преку работа на Западниот Балкан. Изготвената заедничка изјава беше претставена на третиот Самит за Западниот Балкан во Париз во јули 2016 г.

    Link: Линк до заедничката изјава